„Шилегов ни го олесни пристапот до терапија“, споделуваат од Здружението за пациенти со карцином

Македонка Икономова-Давчева од здружението на пациенти заболени од рак „Љубов сме – Jemi dashuri“, преку фејсбук статус го раскажа своето искуство за соработката со локалната власт при надминувањето на предизвиците со кои овие граѓани се соочуваат секојдневно.

Икономова-Давчева пишува дека еден од проблемите бил пристапноста во Клиничкиот центар, па кога на осмомартовски марш го забележала градоначалникот Петре Шилегов од името на пациентите со карцином ги споделила нивните маки, по што размениле контакт, пренесува „Фронтлајн.мк“.

-Помина време, години. Му пишав кога се асфалтираше клинички. Знаете уличката пред онкологија беше страшна пешки да ја одиш, а не пак болен во колица да возиш. Тој ден бев на контрола, видов дека го асфалтираат паркингот (местото каде требаше да се гради клинички). Тоа беше толку блиску до онкологија. Ја сликнав уличката и му ја пратив на порака. Реков ајде асфалтирајте и тука и ставете ни една клупа да не стоиме додека чекаме надвор, да има каде да седнеме (имаше стари дотраени клупи). За два дена ми пушти слика дека веќе е направено, појаснува Икономова-Давчева.

Во меѓувреме „Љубов сме – Jemi dashuri“ се регистрира како здружение и повторно на средба со градоначалникот Шилегов, Икономова-Давчева му објаснила дека пациентите што одат на зрачење се ослободени од плаќање паркинг, но и побарала да се ослободат од паркинг и тие што одат на хемотерапија.

-Знаете некој прима хемотерапија по неколку дена и кога ке пресметаш тоа се многу пари за нас. Речено сторено. Сега само покажуваш извештај и не плаќаш ниту кога одиш на зрачење ниту на хемотерапија. Од пред извесен период и крводарителите кои одат да даруваат крв се ослободени… и тоа го направи. Остана ветување дека на клупите пред онкологија ќе ни направи настрешница да се заштитиме од сонце, дожд… и уште многу други работи кои како град можат да ни ги решат и ни го олеснат патот на лекувањето… ете тоа е Петре, пишува Икономова-Давчева.

- Реклама -