Шилегов: Неспособноста ја криете зад лажниот патриотизам

Статус на Петре Шилегов:

,,Избрана новата (техничка) Влада за спроведување на предвремените избори закажани за 12.04.2020 (честитки до сите мои другарки и другари).

Сега, од страна на ДПМНЕ, ќе следува период на силење, заканување, надеж за враќање на власт, кој што во себе не крие ништо друго, туку обид да се избегнат две работи:

1. Да се избегне одговорност за апокалиптичното 12 годишно владеење со државата (и скоро двојно со главниот ни град) и последиците од таквото нивно владеење и во политичка и во кривична смисла

2. Една (не така мала) група на луѓе (наречена раководство на ДПМНЕ) ќе се обиде да си го реши својот социјален статус во општеството, имајќи во предвид дека надвор од политиката, немаат ништо направено, ниту заработено во својот живот.

Искрено, познавајќи лично дел од нив, се сомневам дека имаат и било каква способност нешто друго и да сработат, освен да продаваат магла и демагогија, криејќи се зад нивниот наводен (а толку многу лажен) патриотизам. Народски, да не е политиката, за леб би немале.

Токму од тие причини, демократскиот дел од македонското општество, има обврска да ги добие и победи априлските избори. Да ставиме крај на волунтаризмот, неспособноста и простотилукот во политиката.

Во таа борба, ќе предначи СДСМ. Не сме идеални, понекогаш и не сме добри, но, го предводиме здравото, европско и демократско јадро во нашето општество. Затоа што сме државотворни. Затоа што знаеме каде ја водиме нашата држава, нашето општество.

Одиме на победа !

Да живее СДСМ !

Да живее Македонија !

- Реклама -