Шилегов не го дава плоштадот, макар и Цеца да е во прашање

Градската управа планира да го номинира Скопје за европски град на културата во 2028 година, откри градоначалникот Петре Шилегов на вечерашната трибина „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“ по повод две години од неговото стапување на функција. Во овој контекст, Шилегов откри интересна анегдота, кога „спречил“ Цеца да пее на скопскиот плоштад, пренесува „Фактор“.

Како што открива скопскиот градоначалник, сопственици од Србија побарале од него да го изнајмат скопскиот плоштад за да приредат големо свечено отворање на нивно казино во Скопје. На отворањето требало да пее најголемата балканска турбо-фолк ѕвезда – Цеца. Нејзиниот настап на плоштадот веќе бил договорен, го уверувале сопствениците од Србија Шилегов, но тој ги одбил:

„Јас, нормално, веднаш ги одбив и им реков дека скопскиот плоштад не е за изнајмување додека јас сум градоначалник“, рече Шилегов на трибината.

 

- Реклама -