Шилегов ќе го застапува Град Скопје на судењето за уривањето на галијата во Вардар

Град Скопје утре ќе продолжи со уривање на галијата во Вардар, најави градоначалникот Петре Шилегов, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Остранувањето на галијата започна пред месец и половина, но запре кога судот, по тужба на сопственикот, донесе времена мерка за прекин на уривањето, која, според Шилегов, сега е стопирана.

Шилегов откри и дека тој лично ќе го застапува Град Скопје на судењето со сопственикот на бродот „Сидро“ (инаку бугарски државјанин), кој го тужи градот зашто, според него, незаконски го урива објектот.

Шилегов уверува дека многу детално го воделе целиот процес и сите услови за отстранувањето на галијата се исполнети. Повеќе ТУКА.

- Реклама -