Oxford кондурите се како модна магија, соединение на интелект, шарм, шик, женственост и мажественост на едно место.Прв пат се појавуваат во Шкотска и Ирска, каде што се нарекуваат „Balmoral“.
Со популарност се стекнале во 19. век на Оксфорд универзитетот, па оттаму и го носат името.
Тие се познати по својата единствена форма. Замислени се како формални машки кондури, а неодамна станаа типичен дел од женскиот стајлинг. Оксфорд кондурите и даваат на гардеробата инстант елегантен шарм и се идеални за дамите кои преферираат geek-chic стил.Овие чевли се совршен избор за есенските денови. Можете да ги носите со кратко фустанче или макси здолниште. Тие се многу удобни и модерни, па можете да ги комбинирате со добар џинс и лесни кошули.
Оваа година изборот е навистина голем, па покрај класичните бои дизајнерите нудат модели со принт, како и женствени вои како бледо сина, розова, бела…
Погледнете го нашиот денешен предлог за комбинирање на овие чевли и пронаоѓање на стилот.