Шест рецепти за слатки десерти со банани

Ова жолтеникаво овошје е кралица на калиумот, а исто така е одличен извор на калциум и диетски влакна, затоа побрзајте и подгответе некој од превкусните специјалитети.

1. Сладок сендвич со банана

palacinke-sa-bananama-1421097968-53396

Признајте дека и вас ве воодушеви изгледот. За да го направите овој неодолив и сладок сендвич, подгответе стандардно тесто за палачинки и испечете го колку сакате. Потоа внатрешноста намачкајте ја богато со еуро крем и врз него распоредете ги парчињата од банани. Замотајте како триаголник и уживајте.

2. Овесна каша со банани

ovsena-kasa-sa-bananama-1421150209-53402

Доколку внимавате на линијата или сакате да изгубите некој килограм, започнете со здрав појадок. Направете овесна каша, која ќе ве засити и ќе ви пружи доволно енергија. Уште ако додадете врз здравиот појадок и банани, тоа ќе биде полн погодок – и вкус, и квалитет.

Освежувачка торта со банани и бисквити

torta-sa-bananama-1411234397-48068

Прочитај повеќе: Вкусна торта со банани и бисквити, без печење

4. Леб со банани

banana-hleb-1406302616-42766

Доколку сте љубител на вкусно тесто, еве едно решение за вас – подгответе леб со вкус на банани. Најдобро од се е што овој специјалитет можат да го јадат и луѓе кои се чувствителни на глутен и лактоза, а рецептот исклучува дури и шеќер. Воодушевете ги домашните со здраво и преубаво тесто.

5. Палачинки со банани

palacinke-sa-bananama-1421098024-53393

Прво направете фил: изматете 3 јајца со 200 г. шеќер и 200 мл. млеко. Кога ќе се добие еднолична смеса, додадете 3 ситно исецкани банани, сето тоа ставете го филот во тенџерче и гответе на пареа околу 30 минути додека не се згусне. Повремено мешајте, за да не фати кора на површината.

Додека се готви филот, испечете ги палачинките на вообичаен начин…

Прочитај повеќе: Рецепт за најевтините меки палачинки

Кога ќе се олади филот, намачкајте ги, завртете и прелејте со малку стопено чоколадо. Украсете со банани и уживајте во декоративниот десерт.

Чоколадна торта со банани

227-665x325

Комбинација на чоколадо и банана? Секогаш омилена! Вкусен рецепт со кој може да ги изненадите блиските по денешниот ручек.

Прочитај повеќе: Чоколадна торта со банани

 

 

- Реклама -