Шест одговори на малку незгодини прашања од секојдневието

Сигурно многупати сме се запрашале зошто после првата голтка кафе трчаме кон тоалетот, или дали е во ред да мокриме во море. Но ретко кој има храброст да ги постави овие прашања на глас.

Затоа подготвивме неколку научни објаснувања на оние мали нешта кои само ги мислиме, и молкум самите си ги одговараме.

 Дали е во ред да се мокри во морето и океанот?

Две третини од луѓето кои учествувале во анкетата на производителот на тоалетната хартија Proctor & Gamble, признаваат дека уринирале во океанот. Речиси половина го правеле тоа повеќе од еднаш. Сепак, истото не се смета за загадување, бидејќи урината е составена од 95% вода и некои натриумови и хлор јони, познати уште како кујнска сол – супстанции кои веќе се содржат во морската вода. Единственото нешто што недостасува во океанот, и е присутно во човечката урина, е карбамид. Ова соединение му помага на нашето тело да се ослободи од азот. Но според научниците, ваквото комуницирање со океанската вода служи како храна за водните растенија.

stock-footage-man-jumping-into-the-sea-slow-motion-shot-at-fps

 

А што е со базенот?

Едно истражување покажува дека мокрењето во хлориран базен создава токсични хемикалии наречени цианоген хлорид, кој е сличен на солзавец. За да се добие тој сепак, наточена треба да биде  доста висока содржина во водата. Значи, ако од хемиска гледна точка е безбедно да се мокри во базенот, од општа пристојност морате да го правите тоа во тоалетот. Сепак никој не сака да плива во жолт облак.

Зошто неколку голтки кафе не праќаат во тоалетот?

Ова се случува на околу 50 проценти од љубителите на кафе, бидејќи пијалокот ги стимулира мускулните контракции во последниот дел на дебелото црево.

Зошто имаме мамурлак?

Краткиот одговор, се разбира, е затоа што сме испиле премногу алкохол. За да се чувствува нашето тело така сепак, постојат неколку комплексни причини. Кога ќе испиеме повеќе алкохол, одиме почесто до тоалетот, што пак не дехидрира. Консумирањето на алкохол го зголемува производството на стомачни киселини и ја забавува брзината со која се празни стомакот – и двете водат до гадење. Алкохолот предизвикува и контракција на крвните садови, што пак доведува до главоболка. Соберете ги и ќе добиете класичен традиционален мамурлак.

 

Зошто се потат нашите раце, кога сме нервозни?

Медицински, прекумерното потење на дланките е познато како Palmar Hyperhidrosis. Тоа е предизвикано од две различни нешта: емоционален стрес и нашето тело, кое се обидува да ја контролира температурата. Кога сме возбудени, уплашени или нервозни, тоа предизвикува реакција на нервниот систем која ги стимулира жлездите на лицето, дланките, стапалата и пазувите.

Треба ли да се воздржуваме од испуштање на гасови на јавно место?

Испуштањето на гасови е дел од нормалниот процес на варење. Сепак во никој случај не е според бон тон да го правите тоа на јавно место. Ако одлучите да се држите до границите на пристојност, тогаш можете да си причините надуеност и други непријатни симптоми. Ако пак го се воздржувате премногу често, тоа може да доведе до хемороиди и попуштени црева. Добрата вест е дека ако се воздржуате цел ден, телото ќе се врати на нормалното, откако ќе заспиете.

- Реклама -