Шест македонски научници во „Топ 2% највлијателни светски научници“ според универзитетот Стенфорд

Шест македонски научници и оваа година се најдоа на листата на „Топ 2%“ највлијателни научници на сите времиња на американскиот универзитет „Стенфорд“, објавена пред еден месец, објави „Студенти.мк“.

Листата претставува една од најобемните студии за рангирање на научниците од сите области, од цел свет.

Во „Топ 2%“ на сите времиња се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ), Валентин Мирчески (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД Штип), и двајца пензионирани професори – Трајче Стафилов (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за Хемија, ПМФ, Скопје).

За календарската 2020-та, во топ 2% највлијателни светски научници од Македонија (во 2021 год.) се рангирани: Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).

Ова е голем успех за македонската наука со оглед на тоа колку малку државава издвојува во овој правец, а особено е значајно што петмина од македонските научници во Топ 2% на Стенфорд за 2020-та – се помлади од 50 години, оценува порталот.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -