Шест години затвор за италијанскиот вицепремиер Салвини бара обвинителството во Палермо

Салвини пред пет години, кога беше министер за внатрешни работи, не дозволил брод на шпанската невладина организација „Опен армс“ (Open arms) со 147 мигранти да се закотви на италијанскиот остров Лампедуза

Шест години затвор за италијанскиот министер за инфраструктура и вицепремиер, како и лидер на партијата Лига, Матео Салвини, побара денеска обвинителството во Палермо поради тоа што не дозволил брод со мигранти да влезе на италијанска територија.

Салвини пред пет години, кога беше министер за внатрешни работи, не дозволил брод на шпанската невладина организација „Опен армс“ (Open arms) со 147 мигранти да се закотви на италијанскиот остров Лампедуза.

Салвини денеска пред судот изјави дека доколку треба, ќе ги повтори постапките од пред неколку години.

Тој истакна дека неговата одлука била во согласност со строгите мерки против мигрантите и хуманитарните организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море.

Салвини истакна оти е горд што ги заштитил границите на Италија.

- Реклама -