Шест чудни и смешни несреќи

Овие 6 случаи  се доста чудни и смешни, а среќа што не се фатални за никого.

Влегол со автомобил во сообраќајна полиција

c11

Маж одел  до сообраќајната полиција, за да си ја  обнови возачката дозвола, при што влегол  внатре со автомобилот. Настанот се случил во 2010 година во Вашингтон.  Додека паркирал надвор без да сака притиснал гас и влетал  во зградата.

Удрил во  ресторан, а потоа нарачал пица

c2

Во јануари 2013 година возрасен маж со „заглавени  нозе” на педалот за гас влегол  со автомобилот во ресторан во Линколн, САД. Додека ја чекал полицијата да дојде, тој нарачал пица. Автомобилот била мала Honda Fit и поминала низ вратите на локалот речиси без проблеми.

( Не)среќата, која го спасила животот на возачот

c3

Во 2011 година Ричард Пеилер (55 година) возел камион и јадел јаболко, поради кое што  почнал да се задушува. Тој се удрил во бетонска  ограда  на патот, а од ударот парчето, заглавено во грлото успеало да излета надвор. Полицијата потврдила дека го увидела големото парче исплукано јаболко.

Дамата што украла  пикап и се „стрчала“ во полициска станица

c4

Во 2012 година, 27-годишната Аманда Џефрис украла пикап. Полицијата ја бркала околу 4 минути, пред таа да се упати право во полициската станица.

Со валкан автомобил до инцидент

c5

 

При несреќа во 2007 година полицајците во Масачусетс утврдиле дека автомобилот на 53-годишната Ан Бигле е полн со ѓубре од подот до таванот. Причината за несреќата било тоа што околу  педалите имало премногу  празни лименки од пијалаци и чаши за кафе, што возачот не  можел да ја притисне сопирачката.

Несреќата  која ги  скрши најдолгите нокти во светот

c6

Ли Редмонд од Солт Лејк Сити е запишана во Гинисовата книга на рекорди како сопственичка  на најдолгите нокти во светот. Тие беа долги 8,5 метри, а таа не ги сечела  од 1979 година. Сепак, рекордот го  држеше  до 2009 година, кога ноктите настрадаа во сообраќајна несреќа (во која таа не била возачот). Редмонд вели дека нема повеќе да ги пушта ноктите, затоа што  и биле  потребни 30 години за да ги порасне толку долги, а веќе на 68 нема  кога да чека да и пораснат.

 

 

- Реклама -