Денеска е национален празник на Северна Кореја и роденден на лидерот на земјата Ким Јонг Ун. По тој повод во земјата се организирани раскошни прослави, придружени со масовни манифестации.
Не е јасна точната возраст на Ким Јонг Ун, но се смета дека тој денес полни 32 или 33 години. Погледнете уште неколку факти за лидерот на Северна Кореја, избрани од британскиот весник Telegraph:
Ким добива прв автомобил на седум години – Mercedes. Се смета дека научил да вози на тригодишна возраст. Д
етето-чудо на девет веќе управува јахта. На оваа возраст се верува дека тој во трка во едрење победил извршен директор на меѓународна компанија за јахти.
Два сантиметри е должината на косата на Ким Јонг Ун. Бидејќи неговата фризура е единствената дозволена за севернокорејските мажи, ова е должината на косата за сите претставници на посилниот пол во земјата.
Се смета дека лидерот на Северна Кореја тежи 127 кг. Тој најмногу сака да јаде пита и швајцарско сирење.
Според странските медиуми Кин Јонг Ун легнува под ножот на пластичната хирургија неколкупати. Се смета дека повеќето интервенции се извршени, за да личи на својот дедо.
Во 2012 година онлајн весникот на Комунистичката партија во Кина соопшти на сатирична страна дека севернокорејскиот диктатор е прогласен за “најсекси маж на планетата”.
Во април 2015 година Ким Јонг Ун ја искачи највисоката планина во Северна Кореја, облечен во костум и официјални чевли, според државните медиуми во Пјонгјанг.