Шерон Стоун во болница

Познатата актерка Шерон Стоун изненадно заврши на болничко лекување во Бразил, пренесуваат американските медиуми.
Во рамките на нејзиниот ангажман за анти СИДА организација, учествувала на допротворен настан во Сао Паоло. За жал, со последици на здравјето.

54-годишната актерка итно е пренесена во одделението за инфективни болести во Сао Паоло. Која е вистинската причина за нејзиниот престој во болница се уште не е познат.

Една недела пред нејзиното патување Шерон на својот Твитер профил оптимистички изјавила:

– Се радувам што се враќам во Сао Паоло за да укажам на важноста за ХИВ и СИДА. Време е да пронајдеме лек.
Веќе во 2012 година, убавата актерка била принудена да се подложи на тестови поради сомнение на ризик од мозочен удар.

- Реклама -