Шеќерот е најопасната дрога во светот?

Холандски научници изненадувачки објавија дека шеќерот  е најпопуларната  дрога на планетата,  која ја  злоупотребуваме. Според експертите шеќерот делува како алкохолот и тутунот. Информациите се презентирани на сајтот на холандското Министерство за здравство.

Корисниците треба да се свесни за големите опасности на кои го  изложуваат својот организам при јадење на слатки. Без никакво претерување според холандските истражувачи шеќерот може да се прогласи за најопасната  дрога на планетата.

Шеќерот се содржи во сите безалкохолни пијалоци, сокови и во многу храна. Научниците од Холандија се сериозно загрижени за штетата што шеќерот му ја нанесува на човештвото. Лекарите дури поднеле барање за ограничување на производството на производи со висока содржина на шеќер.

Ваков предлог во држава во која што  е легализирана марихуаната, зборува само за себе, коментираат локалните медиуми.

- Реклама -