Шекеринска: Реакциите доаѓаат од тие кои од 11 дури 9 години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија

„Реакциите за средбата со градоначалникот на Кичево главно доаѓаат од тие кои од 11 дури 9 години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија“, одговори денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Битола по повод критиките за заедничката фотографија со кичевскиот градоначалник во неговиот кабинет украсен со УЧК симболи, но и за нејзиното образложение „дека дејствијата од 2001 се далеку зад нас“.

„Јас имам почит кон граѓаните“, додаде таа, „и кога како министер имам средби со официјални претставници на граѓаните, јас влегувам во домот на граѓаните, а не во нечиј личен дом. Моја обврска како министер за одбрана не беше да зборувам за минатото, туку да ги лечам раните од минатото и да не дозволам никогаш да не се повтори тоа што се случи во 2001-ва, и тоа го направив. Нашата држава е членка на НАТО и граѓаните знаат дека такво нешто никогаш повеќе нема да биде страв за нашата држава, а оние што зборуваат нешто требаше да сработат, јас моето го сработив“, порача Шекеринска, на чија адреса денеска пристигнаа критики и од српското Министерство за одбрана и Александар Вулин.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -