Шекеринска од Ресен: “НАТО членството ми дава сила”

„Нашата НАТО влезница има преспанска адреса. Преспа е место каде што рековме – сакаме да бидеме во развиениот свет каде припаѓаме. Таа НАТО влезница значи сигурност”, порача Радмила Шекеринска – носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во ИЕ 5, вечерва во Ресен.

„Паметиме која беше нивната максима – раздели за вечно да владееш. НАТО членството значи дека одлучуваме заедно со сите кои значат нешто во светот. НАТО е влезницата која ми дава сила. Армијата е НАТО Армија која може да помогне секогаш кога е тоа потребно”, истакна Шекеринска.

Таа посочи дека „Преспанскиит договор даде уште една шанса која кажува дека кога ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен јазик на ЕУ”.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

„Тоа стана возможно затоа што не сме исти. Носевме решенија”, рече Шекеринска.

- Реклама -