Шекеринска на фотка со симболи на УЧК, па објасни: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се огласи по повод фотографијата што предизвика низа реакции на социјалните мрежи, на која таа во друштво на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари стои во неговиот кабинет преполн со албански знамиња и симболи на УЧК.

Во својот краток Фејсбук статус, Шекеринска не ја спори легитимноста на фотографијата. Наместо тоа, објаснува дека „дејствијата од 2001 се далеку зад нас“ и дека „иконографиите не се репер за добро управување, туку репер е служењето на граѓаните“:

„Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер“, пишува Шекеринска.

Дека симболите на УЧК се редовна декорација во кабинетот на Дехари, сведочат и фотографиите во делот „Градоначалник/Биографија“ на официјалниот вебсајт на општината.

- Реклама -