Шекеринска леташе со параглајдер во Маврово (ВИДЕО)

Во Маврово викендов се одржа традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021“, но овојпат со поголемо значење, бидејќи беше дел од Евро Куп серијалот кој се одржува на пет локации во светот.

Покрај параглајдеристите, со параглајдер (и со инструктор) леташе и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која за „ТВ21“ откри дека во Маврово дошла со намера само да одмори, но кога ги видела параглајдеристите решила да го направи она што посакувала да го проба 20 години наназад, но досега не собрала храброст.

„Сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. На секого го препорачувам, и во поглед на убавината овде во Маврово, и во поглед на адреналинот кој се создава“, порача министерката за одбрана.

Прочитајте и:  Агелер: Честитки до Шекеринска и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

Таа го пофали и инструкторот, Сеити, притоа додавајќи, видно под сѐ уште силни импресии од адреналинското искуство, дека тој покажал дека нашата армија може, освен во војни, да доминира и во спортски активности. ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

- Реклама -