11.
Во есента 1936 година, на Западот се раширила гласина дека Сталин починал од тешка болест. Чарлс Нитер, кореспондент на Асошиејтед Прес, решил да земе информации директно од изворот, па отишол во Кремљ. Таму предал писмо за Сталин, во кое го молел лидерот да ја потврди или да ја негира таквата гласина. Сталин веднаш му одговорил на новинарот:
– Драги господине! Колку што ми е познато од натписите во странскиот печат, јас веќе одамна сум го напуштил овој грешен свет. Бидејќи кон извештаите на западниот печат не треба да се гледа со недоверба, ако вие не сакате да бидете прецртани од листата на чесни луѓе, ве молам да верувате на овие гласини и да не го нарушувате мојот вечен покој во задгробниот живот. 26 октомври 1936 година, со почит Ј. Сталин.