Шефот на израелската дипломатија Израел Кац денеска на Твитер одговори на заканите од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши, напиша Кац на Икс.
Ердоган синоќа изјави дека би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах.
Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година. Тој беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и шиитите. Казната беше извршена со бесење.
Последната изјава на Ердоган Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се тензични откако во октомври минатата година почна војната помеѓу Израел и Хамас.
За Турција Хамас не е терористичка организација. Ердоган постојано ги обвинува и напаѓа Израелците. Така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.