По авионската несреќа со рускиот авион кој се сруши во Египет и сценаријата што секојдневно кружат по медиумите, Шарм ел Шеик сосема се празни.
Околу 7500 Британци се вратија дома од Шарм ел Шеик, откако беа обновени летовите до египетското летувалиште, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Вкупно од моментот на продолжување на воздушните линии во одморалиштето се наоѓале 20 илјади Британци.
Русите и Британците сочинуваат 70% од туристичкиот поток во Египет. Русија веќе евакуираше околу 25 илјади од своите 80 илјади туристи.
Потсетуваме дека во авионската несреќа загинаа вкупно 224 лица. Сè уште се истражуваат причините за несреќата, а меѓу можните сценарија и шпекулации освен евентуален технички пропуст на леталото, се наведува и можноста за бомба во авионот како и напад на „Исламска држава“.