Убавата оскаровка Шарлиз Терон со оваа слика привлече внимание на хуманитарната кампања „Let Girls Learm“, со цел да им се помогне на 62 милиони девојчиња ширум светот кој не посетуваат училиште. Кампањата е основана од американскиот претседател Барак Обана и неговата сопруга Мишел.
Кампањата се базира за зголемување на едукацијата кај девојчињата, како е здравствена заштита на истите.
Шарлиз која е израсната во Јужноафричка Република изјави дека таа во училиштето научила да верува во себе, но не сите девојчиња ја имаат таа шанса. Но зад таа насмевка се крие една тажно детство.
Кога имала 16 години нејзиниот татко Чарлс кој бил алкохоличар ја малтретирал нејзината мајка и претставувал голема закана за неа. Во самоодбрана мајка и на Шарлиз го уби својот сопруг, односно нејзиниот татко. Таа не е осудена за убиство туку тоа се смета за самоодбрана.
Набрзо Шарлиз Терон иде во Милано каде потпишува договор како модел, па потоа се сели во Њујорк и се занимава со танц. Поради повреда на ногата таа не го исполнува својот сон. Така таа одлучува да се пресели во Лос Анџелес, без пари во џеб со надеж да стане филмска ѕвезда. Таа се прославува со филмот „Monster“, и денес е една од најуспешните актерки.