Јанер Торун е фотограф од Истанбул и нé запознава со живописните и инспиративни градби, од различни делови на градот.
„Кога ќе помислите на Истанбул и на сликите кои се врзуваат за него, многу од нив се сликани на некакви историски места или околу самиот Босфор. Меѓутоа, тоа што јас се обидувам да го најдам и да го претставам е нешто потполно поинакво. Дури ни долгогодишните жители на Истанбул не можат да поверуваат дека моите фотографии се од градот во кој живеат“.