Шансите да постои планета како Земјата…

shutterstock_76999777-617x416[1]

Ако мислевте дека шансите да најдеме вселива планета како Земјата се 1 на милион, се лажете. 1 на 700,000,000,000,000 милиони е.

Една нова студија тврди дека има 700 квинтилиони планети во универзумот. За да можете да го замислите, тој број е 7 со 20 нули. Контра на очекуваното, истата студија тврди дека токму тој огромен број сугерира дека постои математичка шанса да не постои друга планета како Земјата, на друго место.

Студијата (во моментов е на ревизија во Журналот за астрофизика) е направена од шведскиот астрофизичар Ерик Закрисон, кој работел со компјутерски модел што самиот го создал, за да ја симулира еволуцијата на универзумот по Биг Бенг-от. Во моделот се имплементирани сите нови знаења за егзопланетите, како и сето знаење кое го поседуваме за раниот универзум. Со извршување на моделот, Закрисон ги „рекреирал“ последните 13.8 милијарди години од историјата.

Резултатите од моделот покажуваат дека не постои друга планета како Земјата што би располагала со соодветни услови за да поддржува живот. Ова е сосема спротивно на верувањето на мнозинството од научници, но и контра интуицијата – дека самиот тој огромен број ги зголемува шансите да се најдат други населливи светови. Сепак, 700 квинтилиони не се малку.

Досега, научниците најдоа околу 30 егзопланети во населливите зони на нивните планети-домаќини – регионот каде што една планета има најголеми шанси да развие карактеристики потребни за појава и еволуција на живот. Се разбира, тоа е само грепкање по површината, а да се тврди дека ниедна од тие планети не може да ги создаде точната атмосфера и температура е лудо.

Ама и резултатите на Закрисон се луди. Според анализите, повеќето планети и месечини во универзумот не би ни требало да изгледаат како Земјата или да се однесуваат на сличен начин. СО други зборови, Земјата е статистичка аномалија – екстремен исклучок кој всушност не треба да постои.

Се разбира, ова е само еден компјутерски модел. Дури и шансите за наоѓање на друга Земја да се и помали, несомнено, научниците ќе продолжат да бараат друга вселива планета.

Во меѓувреме, имавте лош ден? Наместо тоа, имајте предвид дека и лош ден е супер ствар кога сé што досега знаеме за универзумот вели дека не треба да сме тука.

- Реклама -