Mercedes-Benz го обелодени концептот крос купе Concept GLC Coupe на автосалонот Шангај 2015.
Прототипот е предсериска верзија на автомобилот, која ќе е вистински конкурент на BMW Х4.
Всушност германскиот кросовер е помала верзија на лансираниот неодамна GLE Coupe. Во основата на каросеријата лежи платформата и шасијата на втората генерација GLК, која веќе се нарекува GLC.
Mercedes Concept GLC Coupe е целосно со LED оптика, темни мат елементи и жолта сончева боја. Долгиот 4,63 метри Concept GLC Coupe има висина од само 1,6 метри. Позади впечаток оставаат четирите ефектни пригушувачи.
Концептниот мерцедес Concept GLC Coupe има 3,0-литарски мотор V6 bi-turbo со моќност од 367 коњи и 520 Nm вртежен момент и деветстепен автоматски менувач, како и 4MATIC.