Шаленберг по средбата со Муцунски: Да работиме на напредок во пристапниот процес на С Македонија кон ЕУ во 2024 г.

Впечатлива е објавата на австрискиот министер Шаленберг на Инстаграм напиша дека на средбата ја искористил и приликата да му го честита на Муцински пред време роденденот, упатувајќи му, како што вели мал подарок

Австрија е наш најголем инвеститор, долгогодишен и докажан партнер во полето на економијата. Во таа насока, остануваме посветени во понатамошното поттикнување и привлекување на нови австриски инвестиции, каде веќе бележиме континуиран тренд. Токму продлабочувањето на економските и трговските врски дополнително ќе ја зајакнат одличната соработка и на политички план. Ова се само дел од заклучоците од разговорите што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги остварил при денешната посета во Австрија, со неговиот колега, сојузниот министер за европски и надворешни работи Александер Шаленберг.

Муцунски на средба со Шаленберг во Австрија / Фото: МНР / © BMEIA/ Michael Gruber

Детали од средбата и двајцата министри објавија на нивните интаграм-профили, посочувајќи дека фокус на разговорите е економската соработка и странските инвестиции.

Фото: МНР / © BMEIA/ Michael Gruber

Впечатлива е објавата на австрискиот министер Шаленберг на Инстаграм напиша дека на средбата ја искористил и приликата да му го честита на Муцински пред време роденденот, упатувајќи му, како што вели мал подарок.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и трговија, на средбата министрите ја поздравија заемната заложба за отварање нови поглавја за унапредување на релациите во полиња што се во интерес на двете страни. Во таа насока, Муцунски иницирал засилување на културната соработка за промоција и подигнување на видливоста на Северна Македонија.

„Министерот го реафримирал нашиот стремеж за искористување на добрите трговски практики на австриската Федерална економска комора за промоција на трговија, со активирање на канцеларијата во Скопје, која би послужила како катализатор на севкупната билатерална трговска размена, а исто така ќе поттикне инвестициски бран и ќе го подобри усогласувањето и постигнувањето на инвестициските цели како и  промовирање на одржливи, долгорочни придобивки за двете земји“,

велат од МНР.

Муцински вели и дека земјата ја цени австриката поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и на регионот во целина.

Министерот Шаленберг, пак, изразил силна поддршка за земјите од Западен Балкан и нивните евроинтегративни процеси.

„Да работиме заедно на напредокот во пристапниот процес на С Македонија кон ЕУ во 2024 година“,

напиша Шаленберг.

Фото: МНР / © BMEIA/ Michael Gruber

Соговорниците ја потенцирале и клучната улога на Австрија во регионот на Западниот Балкан и нејзината континуирана поддршка на процесот на интеграција на нашата земја во Европската унија, како билатерално, така и преку регионалните инструменти како што е групата „Пријатели на Западен Балкан“, трилатералната иницијатива на Славков формaт, Централната европска група Ц-5, а во чии рамки Австрија е водечка земја.

- Реклама -