Шајло Џоли-Пит сака да биде машко

Семејството Џоли-Пит изјавија дека нивната ќерка Шајло сака да биде машко.

Тие се консултираа со психијатар за оваа ситуација и решија да ја почитуваат нејзината желба. Бред Пит во интервју со Опра кажа дека Шајло бара да ја викаат „Џон“. Иако се малку загрижени тие сепак ќе и ја подарат целата љубов на неа, за таа да се чувствува сакано и безбедно.

shiloh-jolie-pitt-john

Бред е малку загрижен за својата ќерка и се надева дека ова е само период и ќе помине, и дека можно е да има влијание тоа што има двајца поголеми браќа, па и таа сака да биде како нив.

Анџелина за „Венити фер“ во 2010г. изјави : „Таа сака да биде машко, па затоа и ја потстриживме косата“.

mkd-215936

Како што можеме да забележиме од сликите, Шајло сака и да се облекува како машко и сака машки работи. Психијатрот ги убеди познатите родители дека тие мора да и дозволат да живее живот како што сака таа, и дека не направиле никаква грешка во воспитувањето.

 

- Реклама -