„Сите што ќе работат во недела ќе добиваат надомест за 50 отсто повисок, освен во моловите, кои што ќе работат само една смена, а вработените, продавачите ќе добиваат 100 отсто повисока дневница“, истакна министерката за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска, во „Утрински брифинг“.
Таа додаде дека, дополнително 2 отсто од годишниот промет од сопствениците во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет.
„Дополнително 2 отсто од годишниот промет на сопствениците што работат во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет, од кој ние пак ќе градиме градинки“, истакна Шахпаска.