Во обид да стане светска сила во шах, Ерменија ќе го прогласи изучувањето на играта за задолжителен предмет во основното образование. „Предавање шах во училиштата ќе создаде солидна база за нашата земја да стане шаховска велесила“ изјaвил претставник на владата.
Претседателот Серџ Саркисиан, ентузијаст и подржувач на играта како и други претставници на власта посветиле околу 1,43 милиони долари за остварување на овој план. Децата од шест годишна возраст ќе започнат со изучување на шах како посебен предмет со два часа неделно.
Арман Авазиан, претставник на Министерството за Образование, вели дека овие часови, кои ќе започнат подоцна оваа година, ќе „го засилат интелектуалниот развој“ на децата и ќе ги научат да „размислуваат флексибилно и мудро“. Шахот е многу популарна игра во Ерменија, каде велемајсторите се ѕвезди а резултатите од важните натпревари се големи вести.
Во земјата живеат 3,2 милиони луѓе, но Ерменија веќе е сериозна сила во светските турнири. Националниот тим освои злато на Меѓународната Шаховска Олимпијада во 2006 и 2008, а најдобриот играч, Левон Арониан, во моментов е рангиран на трето место во светот според Светската Шаховска Федерација. [Armenia makes chess compulsory in schools]