Севернокорејските навивачи се всушност кинески „волонтери“

340x_fans3-420x0Првиот настап на севернокорејската фудбалска репрезентација на СП2010 беше придружен со потресните приказни за групата фудбалски навивачи внимателно избрани од комунистичкиот режим за да ја поддржат својата репрезентација во Јужна Африка. На крајот се покажа дека тие воопшто не биле севернокорејски навивачи, туку платени кинески актери.


340x_fans3-420x0Првиот настап на севернокорејската фудбалска репрезентација на СП2010 беше придружен со потресните приказни за групата фудбалски навивачи внимателно избрани од комунистичкиот режим за да ја поддржат својата репрезентација во Јужна Африка. На крајот се покажа дека тие воопшто не биле севернокорејски навивачи, туку платени кинески актери.

Пред еден месец магазинот Telegraph пишуваше за тоа дека Кина веќе регрутира актери кои ќе добијат билети за Јужна Африка, за да можат да патуваат и наводно да им дадат поддршка на своите соседи. Ниеден севернокореец не би можел да добие виза за да ја напушти земјата, а дури и кога тоа би било возможно, тие не би можеле да си дозволат превоз до Преторија. И покрај тоа, фановите, а и некои медиуми потенцираа дека тие се лојални Корејци, иако кинеските власти ја признаа вистината за Ројтерс. Стотината навивачи облечени во идентична облека кои мавтаа со знаменцата изгледаа како да и припаѓаат на „Земјата на утринскиот мир“. Тие ја искажаа својата љубов, поддршка и по малку нереални очекувања (со помош на преведувачи, се разбира) за своите севернокорејски браќа и на новинарите им кажаа дека биле внимателно избрани од владата на Ким Јонг Ил, a нивното присуство го доведе до солзи еден од фудбалерите од севернокорејскиот тим. Меѓутоа, тој можеби плачеше зошто знаеше дека како и сè друго во врска со неговата земја и ова е само една голема измама.

Сигурно дека Северна Кореја би можела да направи селекција од елитна група на поддржувачи задоени со пропаганда за да ја претставуваат својата земја како гледачи, но последен пат кога тоа се случи, групата навивачки во мини сукњи кои присуствуваа на натпревар во Северна Кореја не го одржаа зборот и открија што виделе таму, наводно после тоа завршувајќи во концентрационен логор. Единствените вистински севернокорејски навивачи кои можат да се најдат на трибините се избеганите дисиденти кои сè уште ја сакаат својата земја – но тие нема да навиваат толку гласно, зошто нивниот Драг лидер би можел да ги открие и да ги испрати на егзекуција.

Барем лудите идеи на најоткачениот диктатор на Земјата беa инспирација за најдобриот транспарент кој можеше да се види на СП, а и покрај тоа што сето ова се покажа како лош ПР потег, можеби играчите како награда ќе имаат што да јадат кога ќе се вратат дома.

500x_116025038
[North Korean Soccer Fans Are Actually Chinese “Volunteers”]

- Реклама -