Иако не настапуваше, хрватската пејачка Северина Вучковиќ не го пропушти Сплитскиот фестивал.
Жешките летни вечери ги зачини пејачката Северина која се одмара во родниот град. Заедно со дечкото Игор Којиќ и синот Александар уживаа во третата веечра на фестивалот во Сплит.
Познатиот пар го привлече вниманието од целиот регион, а тие повеќе не се кријат. Бакнежи имаше на сите страни, а малиот Александар еднакво уживаше во музиката и друштвото.
И додека се спекулира за можен брак и деца, очигледно е дека на Северина и одговара новиот млад дечко бидејќи изгледа подобро од било кога- а и насмевката не ја симнува од лицето.