Северина тајно се венчава на имотот на Љубе Бошковски

Пејачката Северина Вучковиќ ги изненади сите со фотографија во невестински фустан, по што низ медиумите прсна веста дека таа тајно се венчава вечерва во Бале, и тоа на имот на екс министерот Љубе Бошковски.

seve-tajna-venchavka

Како што пишуваат медиумите повикана била мала група гости, со цел двојката сосема да избега од очите на медиумите и јавноста.

Пред ресторанот „Лав“ во сопственост на семејството Бошковски имало голема гужва и многу медиуми, кои биле сопрени на влезот.

imot

Северина се омажи за 28 годишниот Игор Којиќ, поранешен фублаер и син на пејачот Кеба.

seve-insta

- Реклама -