Хрватската поп пејачка Северина е затекната како пробува венчаница на светски познатата дизајнерка Вера Ванг.
Без оглед на тоа што сè уште не се знае каде точно ќе биде венчавката, Северина сепак знае каква венчаница сака.
Бидејќи цената е само ситница, познатата пејачка најмногу ја интересираат венчаниците на Вера Ванг и Оскар де ла Рента.
Како што се приближува нивната венчавка, Северина ќе се погрижи и за стајлингот на нејзиниот вереник Игор.
Со тоа можеме да бидеме сигурни дека и двајцата ќе бидат стилски облечени.