Заедно со бројните пријатели Северина најпосле го прослави својот роденден.
Иако чекаше неколку седмици, таа доби најубав подарок.
40-те години навистина и донесоа нов почеток на хрватската пејачка Северина Вучковиќ. Заедно со бројните хитови, концертни настапи, таа е повторно заљубена.
Нејзиниот нов избраник е 28 годишниот Игор Којиќ кој беше и на прославата.
Иако роденденот на Севе календарски помина на 21 април, забавата беше одложена поради нејзиниот пат за Торонто.
„Срцето го отчукува твоето име“, стои како коментар под фотографијата на заљубениот пар, што ја објави пејачката на „Инстаграм“.