Откако неодамна пејачот Драган Којиќ Кеба на прашањето за својата идна снаа луто одговори: „Ме боли к*р за Северина“, сите се прашуваа што ќе изјави хрватската пејачка, а нејзиниот одговор сигурно ќе ве изненади.
Прочитај повеќе: Кеба и Северина: Пред камерите има само пофалби, а зад грб…
Севе истакна дека целото време им го посветува на својот син Александар и Игор Којиќ, синот на Кеба.
„Таму каде што има многу љубов, нема место за страв. Верувам во бајки и во љубов која што трае до крајот на животот. Моето срце ми донесе само добро – ми донесе син, Игор и песните што ги пејам, животот што го живеам“, изјави пејачката, а потоа раскажа што мисли за семејството на својот дечко.
„Игор е прекрасен маж и добар човек кој ме сака и ме чува во секој момент. Благословена сум што можам да го сакам и заедно уживаме во животот. Голема радост ми чини сознанието колку многу го обожава Александар. Но Игор не може да биде поинаков, бидејќи топлината и искреноста ги наследил од родителите, Оља и Драган, кои ги обожавам. Среќна сум што Драган ќе биде гостин на мојот концерт“, изјави пејачката и со ова веројатно стави крај на озборувањата за несогласувањата меѓу неа и и нејзиниот иден свекор.