Откако се разведе од Милан Поповиќ, хрватската пејачка Северина никогаш досега не изјавила дека е заљубена, или пак, дали се гледа со некого. Но, ситуацијата најпосле се промени.
„Заљубена сум до уши“, признава Севе.
Магазинот „Story“ пишува дека пејачкта никогаш до сега не се чувствувала пособро и изјавила дека сето ова изгледа како нивната љубов да трае отсекогаш.
Дечко на Северина е поранешниот голман Игор Којиќ, кој му е син на популарниот пејач Драган Којиќ Кеба.
Игор е 15 години помлад од неа. Наскоро, магазинот ќе објави заеднички фотографии од новата двојка.