Двојката отпатува на неколку дена на Ибица, па во исчекување сме на нивни заљубени фотки инспирирани од шпанскиот остров.
Пејачката Северина и нејзиниот дечко Игор Којиќ искористија неколку слободни денови помеѓу работните обврски, за да отпатуваат на Ибица.
Со оглед на тоа што шпанскиот остров е познат по бројни забави, за време на денот и ноќта, претпоставуваме дека за оваа дестинација се одлучиле повеќе поради лудиот помин, отколку за релаксација.
Северина има закажано настапи за време на целото лето, а и новата фудбалска сезона започна, па парот за неколку дена ќе им се врати на своите обврски.