Северина и Игор прв пат заедно во Белград

Пејачката Северина Вучковиќ не само што не ја крие својата нова љубов, туку со дечкото Игор Којиќ се појавува и на јавни настани.
Среќни и заљубени, држејќи се за раце, минатата ноќ пристигнаа на една промоција во Белград, пренесува „Blic“.

Седеа еден до друг и не запреа со разменување на нежни погледи и насмевки. Дури и не обрнале внимание на фактот што сите очи беа вперени во нив.

Колку се поврзани тие двајца најдобро го покажува фактот што Северина дури и не сакала да стане, а да не го викне со себе нејзиното момче.

- Реклама -