Северина го запроси Игор: Свадба во октомври

 

Сватовите ќе ги добијат своите покани кон крајот на овој месец, а извори блиски на младоженецот тврдат дека Северина го запросила Игор.

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и Игор Којиќ, син на пејачот Драган Којиќ – Кеба, планираат венчавка во октомври, а поканите ќе се делат кон крајот на месецот.

Како што пренесува “Večernji list” за есенската венчавка на заљубениот пар се шушка веќе некое време, а двојката ништо не демантира во јавноста.

Интересно е тоа што наводно, како што денеска пренесуваат сите медиуми на Балканот, Северина го запросила Игор, иако уште нема детали околу моментот.

Таа до сега беше свршена дури пет пати, поради што заработи малку злобен прекар – кралица на прстените.  Сега, се чини дека го пронајде вистинскиот за неа, што самата пејачка го потврди во интервју за еден магазин, каде што изјави:

igor-kojic-severina-vuckovic-sopin-centar-rucak-beograd-foto-damir-dervisag-1437776355-707507

„ Игор е мојата љубов за цел живот“.

Истото за неа го мисли и нејзиниот избраник кој изјави „Ако постои совршена жена, Северина е најблиску до неа. Најубавото нешто е безусловно да сакаш и да бидеш сакан“.

Потсетуваме, Северина е 15 години постара од Игор, но тоа воопшто не им претставува проблем. Нивната љубов започна во февруари годинава, кога се запознаа на концерт на Северина во Белград, и оттогаш се неразделни.

„ Сега ми изгледа дека оваа љубов ќе трае целиот живот“, рече Севе после само два месеци забавување и така откри дека е заљубена до уши.

Таа веднаш го запозна Игор со најблиските пријатели, но и со синот Александар, со кој Игор судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, веднаш пронајде заеднички јазик.

 

- Реклама -