Северина ги избриша пријателките на Игор од листата на гости за нивната свадба

Иако Северина изгледа за доста самоуверена жена, изворите тврдат дека таа е многу љубоморна, па така и на својот сопруг Игор Којиќ му забранила на нивната свадба да ги покани неговите пријателки од основно и средно школо.

Но, другарките на Игор не се единствените кои Севе ги избриша од листата на гости. Тука се најдоа и далечните роднини на Којиќ, а причината е тоа што пејачката мисли дека тие ќе нарачуваат народни песни на свадбата.

severina-i-igor

Покани за свадбата не добиле ни првите комшии од Лозница, местото од кај што потекнува таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба, кои ја чуваат нивната куќа во Лозница.

 

- Реклама -