Северина бара од Милан стан во Загреб и 10 000 евра месечно

Имајќи предвид дека има луксузен стан во центарот на Белград, Северина наводно побарала ист таков Милан да му обезбеди на нивниот син во Загреб, но и одредена сума пари за да плати бебиситерка и домашна помошничка.

Обновувањето на љубовната романса меѓу Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ изгледа не траеше долго затоа што, како што дознава Alo, пејачката му доставила листа на Милан на која се нашол и луксузен стан во Загреб и 10 000 евра месечно.

498327-15

Севе ги побарала овие работи за да му обезбеди на наследникот Александар луксузен живот, каков што има во Белград, а за да ги покрие трошоците за чување и издржување на детето, пејачката од бизнисменот побарала и сума од 10 000 евра месечно.

„Пред извесно време Севе од Милан побара да му обезбеди на нивниот син идентични услови за живот какви што има во Србија“, рекол извор близок на двојката за „Ало“.

severina-vuckovic-milan-popovic-sin-aleksandar-1362167395-275601

Двојката на почетокот на годината ги надмина несогласувањата, меѓутоа, од неодамна се појавија гласини дека нивната љубовта повторно е ставена на испит и дека Севе поставила услови за опстанок на врската.

„Кога му ги соопштила своите барања, тој се навредил со образложение дека нивниот син има се што ќе посака. Тешките зборови и различните карактери направија нивниот однос повторно да се олади, а во прилог на тоа оди и фактот дека одвоено ќе одат летово на одмор“, раскажал изворот.

- Реклама -