Хрватската пејачка прв пат јавно проговори за раскинувањето на врската со бизнисменот Милан Поповиќ.
Откатко беше објавено дека Севе и Милан раскинале и дека тој поднел тужба за да добие старателство над детето, таа лично не и се обрати на јавноста, туку само преку портпаролот Томислав Петровиќ.
Српскиот магазин Ало сепак успеал да дојде до славната пејачка, но таа во телефонски разговор љубезно, но кратко одговорила дека нема време за обвинувањата на Милан затоа што има друга работа.
„Немам време сега да се занимавам со тоа, имам гости. Јавете му се на мојот менаџер“, рекла Северина.