Сето она што го научив од мајка ми…

Детството на човекот поминува брзо, но од него остануваат најубавите спомени. Немаше да бидеме луѓето кои сме, ако не слушавме што ни велат родителите или баба и дедо. И сепак некои работи кои сме ги слушнале како деца дефинитивно имаат смисла, а воедно се и страшно забавни:

Мама ме научи да го постигам невозможното:
– Затвори ја устата и јади супа!

Мама ме научи да размислувам логично:
– Бидејќи така велам јас!

Мама ме научи да го ценам видот:
– Ако продолжиш да гледаш телевизија одблизу, ќе ослепиш!

Мама ме научи на издржливост:
– Нема да станеш од масата, додека не си изедеш сè!

Мама ме научи на причинско-последичните врски:
– Ако не престанеш веднаш да плачеш, ќе те истепам!

Мама ме научи како да растам:
– Ако не јадеш зеленчук, нема да пораснеш!

Мама ме научи да гледам смело во иднината:
– Чекај само кога ќе се вратам, ќе поразговараме за ова јас и ти!

Мама ме научи на основите на самолекувањето:
– Не ги криви очи, ќе останеш кривоглед во животот!

Мама ме научи дека треба да се дели:
– Чекај само да му кажам на татко ти!

Мама ме научи на телепатија:
– Облечи ја  јакната, знам дека ти е ладно!

- Реклама -