Шест привилегии кои ги имаат само жените

Општествено прифатливо однесување се дефинира од страна на социјалните правила и норми кои честопати се присутни во двојни стандарди кога станува збор за тоа како се однесуваат во јавност жените, а како мажите. Мажите по некои правила се доста „постегнати“, а во што доживуваат „неправда“ дознаете во текстот подолу.

60872936-zena-korzet

1. Жените можат да носат машка облека

Некогаш панталоните биле исклучиво машки вид облека, но понежниот пол се изборил да биде општо прифатен и стане дел од женската облека. Истото така е појавата и на женските кондури кои наликуваат на машките модели, дури можете да ностите и машка кошула и џемпер на работа и пак да изгледате женствено.

2. Жената може на друга жена да каже дека е секси

На жените им е дозволено меѓусебно да си делат комплименти па апсолутно не е необично ако една жена на друга каже дека супер изгледа во фустанот, дека е убава, згодна, слатка и секси.

3. Жените можат да танцуваат заедно

Да видите две или повеќе жени како танцуваат заедно е најнормална работа, но да видите двајца или повеќе мажи како заедно се движат по ритамот на подиумот, а меѓу нив нема ниту една жена, може да биде мета на предрасуди.

4. Жените можат да ги именуваат мажите со навредливи имиња

Ако жените кажат „сите мажи се гадови“ никој нема ни да трепне, дури ќе има и поддршка во тоа, додека мажите кои велат „сите жени се расипани“ веднаш ќе бидат прогласени како сексистички провокации.

5. Една жена може да допира друга во јавност

Жените можат да се гушкаат, држат за раце и бакнуваат во образ без никакви непријатности, додека за мажите социјално прифатените граници се да се прегрнат со една рака и тапкаат по грб.

6. Жените можат да носат шминка

Повеќето мажи немаат желба да носат шминка, но тоа можеби би се променило доколку стане општо прифатен тренд. Шминката жените ја користат да изгледаат уште попривлечно и женствено, но прикривањето на недостатоците можеби и на мажите би им било добредојдено понекогаш.

- Реклама -