Серена Вилијамс изненадена од Кербер

Анжелик Кербер го приреди најголемото изненадување на женскиот дел од турнирот во Синсинати, откако успеа да ја елиминира главната фаворитка за трофејот, Серена Вилијамс.

Талентираната германска тенисерка, која моменто е рангирана на седмото место на ВТА-листата, импресионираше со својата пожртвуваност, со што почна дури и да ја фрустрира искусната Серена и се избори за победа од 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Серена имаше невообичаен број на неизнудени грешки, дури 33, што дефинитивно е главната причина за овој неочекуван пораз на актуелната шампионка на Вимблдон и на Олимписките игри во Лондон.

Кербер во вечерашното полуфинале ќе се сретне со Петра Квитова од Чешка, која што во својата четвртфинална пресметка беше поуспешна од Русинката Павличенкова. Во второто полуфинале Ли На ќе ги одмери силите со Венус Вилијамс, која најави враќање во топ-форма откако успеа да ја елиминира фаворитката Саманта Стосур со 6-2, 6-7, 6-4.

Ова е само прво полуфинале за Венус Вилијамс во 2012 година, во која што Американката учествуваше на вкупно осум турнири.

- Реклама -