Сепак се врти! Потполно независен фестивал

Првото издание на „СЕПАК СЕ ВРТИ“, потполно независен DIY фестивал на Гола Планина, се случува денес на отворената ссцењена „Нова школка“, или „Лепеза“ како што ја нарекуваат.

Организаторите велат дека ова е фестивал кој му пркоси на зачмаеното стоење во место, со музика и другарство. Додека градот се дави во сопствената статика, овој фестивал е тука да докаже дека светот не се врти околу скопската ентропија.

Во текот на денот настапуваат бенздовите:  „Црно собрание“, Conspirasy“, „АТА“, „Ендемски вид“, Јоана Ристеска, „Кокиче“, „Кенопсија“, „КЕМ“, „Lost in Reverie“, „Огнен Златанов“, „Peach Vice“ и „Vagina Corporation.“

Новиот Нов бран на музичката сцена, постепено го зазема своето место – самоуверено и без компромиси, како што и доликува.

- Реклама -