Сепак постојат чуда – Глув татко за прв пат го слуша гласот на ќерка му (видео)

Кен Стајли од САД бил глув 50 години.

За некоја игра на судбината, неговата ќерка Ешли обожува да пее, но нејзиниот татко никогаш не можел да го слушне нејзиниот дар. Сето ова наеднаш се сменило, благодарение на современата технологија, односно по оперирањето на Кен, кој добил специјално апаратче за слушање.

По операцијата неговата 15-годишна девојка  запеала  за нејзиниот татко, кој  во солзи ја слушал  во црква пред претстојните божиќни празници.

-Само ги затвори очите и го слушаше мојот глас. Не му беше важно да ме види, бидејќи отсекогаш го можел тоа. Сакаше само да ме слушне и тоа беше прекрасно , изјави Ешли за новинарите по концертот.

Оваа шанса, велат тие, е вистинско Божиќно чудо.

- Реклама -