Сепак не биле неми

Научниците долго верувале дека жирафите го минуваат животот во тишина, освен што повремено хрчат.

358108_20130703reutersjim-youngchicagodi005286729_ff

Како звучат жирафите?

Но, најново истражување покажува дека овие животни не се толку тивки, а вечерите ги минуваат во тивок крик.

Жирафите имаат гласни жици, но најверојатно поради вратот долг четири метри не можат да произведуваат доволно силен проток на воздух за да им завибрираат живците. Но, тие сепак комуницираат со звук што луѓето не го слушаат.

Научниците од Универзитетот во Виена снимале жирафи во зоолошка градина и за осум години собрале повеќе од 938 часа звук. Материјалот потоа го испитале визуелно, барајќи специфични шеми на звуците на ниски ферфенкции и нивната хармонска структура.

220126_zirafa2-ap_ff

Жирафите се огласувале воглавно навечер, а нивниот глас во просек имал феркфенција од 92 Hz.

Овие животни имаат одличен вид, па примарно комуницираат со визуелни знаци во текот на денот, а и не прават бука што би можела да ги привлече нивните непријатели.

- Реклама -