Малкумина имаат слушнато за симпатичното швајцарско селце Сент-Сафорин. Сместено во кантонот Вауд, веднаш покрај Женевското Езеро, терасите на ова малечко село нудат магични панорами кои не се забораваат.
Всушност, падината која се простира по должината на езерскиот брег, претставува една од најголемите лозарски области во Швајцарија.
Доколку некогаш имате прилика да ја посетите оваа идилична земја со воз, голема е веројатноста дека доколку се упатите кон Лозана ќе поминете од ова место. Од едната страна ќе го видите прекрасниот вински регион создаден преку напорите на многу генерации на лозарите, како и прекрасните камени куќарки и тесните, цветни улички, а од другата планините и езерото.
Прекрасна идила која може да се пронајде само во Швајцарија.