Семејството на тешко повредениот Шумахер се заблагодари на големата поддршка во текот на изминатите денови.Тој се повреди за време на скијање во неделата наутро, а денеска во кома го дочека неговиот 45-ти роденден.
„Знаеме дека тој е борец, не се откажуваме. Ви благодариме на поддршката и убавите желби, навистина ни значат“, напиша семејството Шумахер на официјалната страница на сајтот на легендарниот возач на Формула 1.
Шумахер после ударот со глава во камен доживеа сериозни повреди на мозокот, поради што докторите на болницата во Греноблу му извршија две операции, а според последните информации забележан е минимален напредок во неговото опоравување.
Германскиот возач се пензионираше во 2012 година, а во текот на кариерата оствари 91 победа во Формула 1.