Ким Кардашиан објави пет засрамувачки слики од Кајли Џенер како дете за да ѝ посака среќен 17-ти роденден на својата полусестра.
Никој не сака стари, засрамувачи слики од детството кои не се за покажување пред јавноста. Но, токму тоа Ким го направи за да ѝ посака среќен 17-ти роденден на својата полу-сестра во неделата.
Во петте фотографии споделени на Истаграм се гледа младата Кајли како прави смешни фаци.
Но, ни Ким не беше оставена покуса. Таа никогаш не била особено блиска со нејзиниот полубрат Бурт Џенер, а сега се чини нема ни да го подобри тој однос отакако направил злобна маица за исмејување на реалити ѕвездата.
Имено, на маицата е испринтано лицето („ugly crying face“) на Ким како плаче во една од епизодите на реалити емисијата, а истата е објавена на Истаграм со текстот „Мојата нова омилена маица“.
Што се случува во семејството за волку злобни шеги?